На интернетот, блог (скратено од web-log што значи веб-дневник) е веб страна која се ажурира секојдневно или доста често со лично и некомерцијално потекло која користи формат на личен дневник со нови информации во врска со одредена тема или низа од теми, и е наменета за читање од страна на широката јавност. Информацијата може да ја напише сопственикот на веб страната, да се преземе од други веб страни или други извори, или да ја понудат корисниците. Како форма и содржина, блогот се чини популарен бидејќи посетителот
знае дека нешто се менува секој ден, постои лична (а не комерцијална)
гледна точка и, на некои страни, постои можност да се соработува или
одговори на веб страната и нејзините учесници.